Да заразиш некого со чекање, тоа е најсигурниот начин да владееш со него

„И така, со тоа што премолчено ги прифаќате условите на живот кои ви ги поставува непријателот, вие живеете онака како што тој сака. Всушност вие и не живеете, туку трпеливо чекате, сѐ додека сиот ваш живот, заедно со сето она што сте го очекувале, не се претвори во трпение и бескрајно чекање, што значи дека сте го прифатиле рајскиот начин на живот, а тоа е исто како да сте прифатиле пат кон доброволна пропаст за себе и своето потомство.

За да не мораат самите да ве убиваат, ве заразиле со чекање кое ве одржува во живот и бавно ве убива. Ќе овенете и ќе исчезнете како што пред вас овенале и исчезнале толку многу претци и народи во Османлиското царство и тоа на ист или сличен начин.

Не ни забележале дека од патот на вистинскиот живот незабележливо се префрлени на мртов колосек каде што има само чекање без крај и цел. Не го чувствуваат тоа свое чекање како товар, ниту како понижување, затоа што и самите се претвориле во чекање.

Да заразиш некого со чекање, тоа е најсигурниот начин да владееш со него, тоа значи да го направиш потполно и вечно неподвижен и безопасен и таа измама е потврда од секој затвор и посилна од најсилните oкови, затоа што, со многу среќа и вештина, од затвор може да се побегне и човек може да се ослободи од оковите, но од таа измама - никогаш!

Сѐ што сте и што знаете, умеете и можете, ставено е во служба на тоа чекање без крај и без никакви изгледи за остварување. Едните секогаш минуваат во мачно и залудно чекање, а другите и без најмало чекање добиваат сѐ што сакаат и за кое се надеваат.“

Иво Андриќ