Да внимаваат оние кои се на одмор во Грција: Метеоролозите со вонредно предупредување за опасност од ново невреме

Постои опасност Грција да биде зафатена од ново невреме проследено со силни врнежи од дожд, а на некои места и град, силен ветер и бура, предупреди тамопната метеоролошка служба во вонредно известување.

Метеоролозите соопштуваат дека во попладневните часови постои можност невремето да ги зафати Јонското море, Пелопонез, западниот и северозападниот дел на земјата.

Во деловите каде што се најавува невремето на готовс за брза интервенција се пожарникари со службени возила ќе бидат подготвени, а дополнително известени се и сите надлежни државни служби.