Да се истурка месецот требаат 500 евра, а платите едвај 250 - како се врзува крај со крај?

За да се истурка месецот едно четири члено семејство треба да има барем 32 418,00 денари ако се водиме според последните пресметки на синдикалната кошничка.

Какви се цените на пазарите?

Ако појдете на пазар веднаш во очи ќе ви паднат поскапените цени на производите споредбено со лани . Иако сумата е за 20 денари поскапа на скопските пазари, во супермаркетите е двојно поскапо.

Граѓаните се жалат, велат ако се види колкави се платите, цените се скапи. Пазарџиите пак обратно, велат цените не се скапи, но народот нема пари.