Да се биде мајка е најголемиот благослов на светот

Да се биде млада мајка е страшно. Тоа значи дека луѓето понекогаш ти судат. Луѓето денес се однесуваат како имањето дете да не е никакво постигнување, како да не значи дека треба да си горд на тоа.

Но, во реалноста тие не знаат што пропуштаат. Воопшто не може да се знае како е да се биде мајка, додека не го почувствувате тоа. Тоа чувство – кога го гледате своето дете за прв пат. Или пак, чувството како е да се будите покрај него. Тоа е сосема нова љубов, која никој од нас ја нема почувствувано претходно.

Сите лоши нешта кои ти се случиле, кои ги имаш почувствувано – одеднаш исчезнуваат, кога ќе ги погледнеш очите на своето детенце. Кога станав мајка, тоа ми даде сосема ново значење.

Јас живеам за своето дете.

Моето дете ме прави да бидат подобра и посилна личност. Кога се чувствувам дека сиот свет е против мене, јас погледнувам во своето дете и знам дека имам причина за да живеам. Без оглед на тоа што и да го направам, јас сум херој во очите на моето дете.

Но, да се биде мајка е една од најемотивните и најстрашните работи на светот. Но, без никаков сомнеж тоа е најдобрата работа на светот.

Воопшто не ми недостигаат ноќите во дискотеките. Не ми недостигаат ниту забавите, ниту пак флертувањата со момците.  Секогаш кога избирам, го избирам своето дете пред сите други работи, на овој свет.

cheap nike free run 5.0