Да се биде мајка е една од најубавите благослови на овој свет

Да се биде мајка е една од најтешките работи на светот, но и една од најубавите награди за секоја жена.

Креираме живот, го носиме во себе, а потоа целиот живот го посветуваме на своите деца.

Се обидуваме да ги израснеме и воспитаме добро, да ги гледаме додека растат. Да ги гледаме нивните први чекори, насмевки, прв ден на училиште, прва симпатија. Нема ништо поубаво на светот од тоа.

Уште од првиот момент кога ќе го свиткаат своето мало раче околу нашиот прст, кога ќе им дадеме топла прегратка, уште од тогаш ни даваат бескрајна среќа. Но, тоа не единственото во тоа да се биде мајка.

Да се биде мајка е голем предизвик. Тоа е работа за која никој не ни дава пари, која некогаш ни ги кине нервите, но која ги топли нашите срца постојано и не тера да се прашаме: Што чекавме до сега?

Да се биде мајка значи и хаос, значи валкани алишта од своите деца, значи дека трескање врата од тинејџерите, постојано прекорување од студентите. Но,тоа е најдобрата работа на светот. Постои нешто специјално од љубовта која ја добиваме од своите деца, која е многу поразлична од сета друга љубов на светот.

Кога сме им потребни, кога плачат. Кога им е потребна прегратка.

Никогаш не очекуваме дека кога ќе станеме мајка, нашите емоции ќе бидат толку силни. И, дека ќе откриеме чувства кои не сме ни ги имале во себе.

Да се биде мајка е многу потешко од се друго на светот, но воедно и најубавото нешто кое го доживуваме. Тоа е интересно, топло, смешно, понекогаш фрустрирачки. Но, најубаво!