Да можев да се вратам низ времето, ќе посакав да ги знам овие нешта за животот

Голем дел од луѓето во одреден дел од нивниот живот размислувале што би направиле кога би можеле да се вратат во минатото. Можеби би си дале паметен совет и би станале поуспешни или побогати, би се однесувале поинаку кон некои луѓе, или пак би се обиделе да ја смениме историјата на подобро.

Низ животот се соочуваме со различни ситуации и искуства кои за нас претставуваат лекции. Би било одлично кога би можеле да се вратиме наназад и да си ги дадеме овие совети себеси. За жал, не можеме да го направиме тоа, но тоа што можеме да го направиме е да научиме од туѓите искуства.

Природниот талент е мит

Тајгер Вудс започнал да тренира голф кога имал само една година. Во најголем дел од времето, тоа што мислиме дека е природен талент е само резултат на долго вежбање и напорна работа.

За да станете добри во нешто, морате да го сакате тоа

Луѓето кои се добри во кошарка се оние кои уживаат во кошарката. Успешните блогери не се само одлични во правењето пари, туку тие уживаат во нештата  како истражувањето, пишувањето и водењето кампањи.

Негативното и позитивното размислување можат да ви направат проблем, но на различен начин

Ако сте премногу негативни, постојано ќе се плашите од тоа да започнете нешто и ќе се навраќате на претходните неуспеси и нема да бидете личност која е забавна за да се биде околу неа, ниту пак личност која ќе преземе некаков ризик. Од друга страна пак, ако сте премногу позитивни ќе бидете претерано самоуверени и нема да забележите каде нештата можат да тргнат на лошо.

Затоа, најдобро е да се биде надежен, но и објективен и реален. Размислувајте за тоа каде би можеле да тргнат нештата на лошо, но не се преоптеретувајте со тоа дека нема да успеете.

Водете сметка на што ја трошите својата енергија

Вие имате одредено ниво на умствена енергија и многу е важно да поставите приоритети. Практикувајте стратешка апатија, чувајте ја својата енергија само за нештата кои сметате дека се важни и не ја расфрлајте својата енергија на луѓе кои тоа не го заслужуваат. Фокусирајте се добро.

Понекогаш е нормално да се разидете со своите пријатели

Иако можеби се дружите од детството, сепак созревањето е различен процес за секоја личност. Начинот на којшто созревате не е ист за секоја личност. Запрашајте се себеси: Ако не бев пријател со нив, дали сега ќе посакав да станеме пријатели? Дали се како личноста каква што сакам да станам или како личноста која бев порано?

Никогаш не бидете груби кон нештата и луѓето кои не можете да ги разберете

Не велете само дека не можете да разберете нешто. Направете сериозен напор да ги разберете нештата и луѓето. Започнете со обични прашања, за да стигнете до конкретните работи кои не ги разбирате.

Потребни ви се блиски пријатели, но потребни ви се и познаници

Имањето познаници не значи дека сте плитки или одалечени. Животот треба да е составен од блиски пријатели, пријатели и познаници. Секоја од овие личности има различно влијание на вашето живеење.

Изгледот е важен, и  тоа многу

Начинот на кој се претставувате пред другите има големо влијание како другите ќе се однесуваат кон вас. Можеби тоа е фер, можеби не е, но така е. Една од најдобрите одлуки кои можете да ги донесете е да одлучите каков впечаток сакате да оставите и да се трудите да го постигнете тоа. Не зборуваме само за облеката и убавината, туку и за говорот на телото и начинот на изразување.

Научете кога да не бидете искрени

Искреноста е одлична карактеристика, но не секој цени целосна и брутална искреност. Пред да им дадете совет или одговор на другите луѓе, научете какви личности се тие. Ако изгледаат како да можат да се носат со вистината, дајте им ја. Но, ако не е така, тогаш обидете се да ги засладите работите кои ги кажувате.