„Да ја сочуваме од секоја неприлика нашата прва азбука Кирилица...“

Денот на сесловенските просветители и учители или Денот на светите солунски браќа Св. Кирил и Методиј е државен празник во Македонија кој се празнува денес на 24 мај, во чест на основачите на првата словенска азбука.

Во продолжение ви ја посветуваме оваа песна од Влатко Стефановски, која е напишана токму за нашата азбука Кирилица.

„Читаме пишуваме во секоја прилика

златно писмо, златни букви кирилица, кирилица

Да ја сочуваме од секоја неприлика

нашата прва азбука Кирилица, кирилица...“