Да ја покажеме хуманата страна - да спасиме живот: На младиот Борче од Скопје му е потребна наша помош

Многу пати до сега ја покажавме својата хуманост како народ, а сега сме му потребни на едно прекрасно момче од Скопје.

Итно е потребна парична помош за 16-годишниот Борче Јовановски од Маџари.

Тој боледува од ретка болест на крвта, за што е потребна огромна сума за неопходната операција во странство. Сумата која му е потребна се 127.700 евра. Семејството не е во состојба да ги овозможи потребните средства па апелира за помош.

Постои гаранција дека овој млад живот може да се спаси.

Семејството и пријателите на Борче ги замолуваат сите хумани граѓани кои се во можност да донираат по 100 денари на следниве телефонски броеви:

ВИП 143 473

Т-мобиле 070 143 103