Да ја обоиме Арената Филип Втори во црвено-црна

Дали сте подготвени да бидеме дванаесетиот играч во таборот на Вардар против Динамо Загреб? Натпреварот се игра на 12 јули во 20:45 на Арената Филип Втори. Да му помогнеме на нашиот шампион да го добие овој меч. Да им бидеме инспирација на навивачите да дадат сè од себе на теренот. Да ја споделиме 90-минутната еуфорија со нашите херои, да ги поддржиме и да им испратиме позитивна енергија од трибините.

Во поддршката на Вардарци се приклучува и фан шоп-от на клубот со неверојатна акција за верните навивачи и симпатизери на Вардар. Обезбедете маица за 399 денари, дрес за 1.299 денари, а во комбинација со шал дресот ќе биде Ваш по цена од 1.499 денари. Акцијата важи за оние кои ќе приложат билет за натпреварот Вардар - Динамо Загреб.

За Вас кои сè уште немате влезница, побрзајте и набавете ја по промотивна цена од 100 денари до 6 јули во продажната мрежа на Тикет Плус, онлајн на www.ticketplus.mk, на штандот во Скопје Сити Мол на кој покрај билети можете да ја купите и фан опремата по специјални цени, како и на билетарницата на Арената Филип Втори секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот. Од 7-ми јули билетите ќе чинат 200 денари.

Да ја обоиме Арената Филип Втори во црвено-црна на 12 јули во 20:45.