Да имаш добар пријател во лошо време е тајната на преживувањето!

Една позната поговорка вели „Добрите пријатели е тешко да ги најдеш, потешко да ги оставиш и неверојатно да ги заборавиш„ особено оние пријатели кои се тука за тебе во тешките и лоши времиња.

Животот е тежок и суров. Секојдневно ти поставува нов предизвик за решавање и нова пречка за поминување. Проблемите се искушенија кој од една страна го прават животот интересен и вреден за живеење, но од друга страна го прават исклучителен тежок и мачен за преживување. Во тие моменти добриот пријател значи поддршка, потпора и нова енергија која ќе те движи понатаму и ќе ти дава сила да се бориш.

Во животот многу значат луѓето кои аплаудираат на твоите победи и луѓето кои заедно со тебе го носат товарот на тешките времиња. Нели, среќата е убава кога се множи со друг, а тагата е полесна кога ќе се сподели со некој пријател.

Цени ги и негувај ги пријателите кои се тука за тебе во лошите моменти. Тие не само што ќе ти помогнат да је пребродиш и најголемата криза, туку нивното присуство ќе помогне побрзо да се излечат старите рани и да не се отворат нови кои уште повеќе ќе болат.

Ретки се, но сигурен сум дека ги има. Треба да се најдат, но треба да се почитуваат. Бидете тука за луѓето кои ви значат, вашата поддршка во овие моменти за нив ќе значи се.

Во вакво тешко време: Да имаш добар пријател во лошо време е тајната на преживувањето!