Да другари „папучар“ сум, и помагам на жена ми бидејќи сум партнер во куќата, а не гостин

Имам супер другари.Дел д нив се оженети, дел ергени.Имаме одлична дружба, пиво, скара, фудбал (без жени) шеги, частење, музика...

Пред некој ден еден од моите пријател дојде кај мене на гости, седевме и разговараме, зборувавме за животот.

Извини, одам за секунда само да ги извадам алиштата од машина, му реков.

Застана со муабетот и чудно ме погледна.

Браво брат, маж на место си и се насмевна. Добро е за тебе што и помагаш на својата жена, кога јас ќе помогнам дома тоа мојата жена не го цени.

Види да ти кажам, другар може изгледам смешно како „помошничка“, но на мојата жена не и треба помош, и треба партнер. Јас сум партнер во куќата и поради тоа партнерство се поделени задачите.Сфатив дека јас не сум помош во куќата, јас сум дел од куќата.Кој покрај тоа што знае да растури знае и да помогне.

Ако сакаш да те цени може треба да пробаш откако ќе заврши жена ти со чистење, перење, откако ќе ги избања децата, организира се да и речеш „Жено моја, уште еден живот да имам со тебе повторно би бил, прекрасна си.“

Ти изгледа чудно?

Пријателот ме погледна, занемено ми подаде рака и рече: Слушај, кога те видов како „домаќинка“ ме фати смеа, ама по изнесеново мислење и ова ти што го правиш те ценам повеќе.

Цени онака како што би сакал  тебе да те ценат, на ист начин со ист интензитет.Подај рака, однесувај се како вистински партнер, чувствувај се како дома во својот дом.