Да бидеме хумани: Малата Јана се бори со тешка болест, трошоците се преголеми за нејзините родители

На малата Јана Здравевска од Велес родена на 25.07.2015 година, на едногодишна возраст и е дијагностицирано AML (акутна мијелоидна леукемија).

-На клиниката за детска онкологија во Скопје, по примена хемотерапија, Јана ја совлада болеста, но по само 5 месеци истата се врати и Јана беше испратена на трансплатација на коскена срцевина во болницата Газиосман паша во Истанбул. Целокупниот процес околу трансплатацијата ги покри Фондот за здравство.

Јана успешно ја помина трансплатацијата и моментално е пуштена на домашно лекување. Лековите кои што треба да ги прима малата Јана чинат 1.000 евра, а контролите кои што треба да се прават на секои два месеци, во истата болница во Турција, чинат 2.500 евра поединечно. Ова се трошоци кои не ги покрива фондот, а за нејзините родители се премногу големи, се вели во апелот на социјалните мрежи.

Телефонски број за донации: Телеком 070 143-193

Телефонски број за донации: ВИП/ОНЕ 143-550

Сметка за донации Тутунска банка

Денарска сметка: 210-7000006402-39

Девизна сметка: IBAN-MK07210501709358008

SWIFT-TUTNMK22