„Да беше нивно дете Македонија ќе ја превртеа" - вели мајката на исчезнатиот Пино

Мајката на младиот Пино кој исчезна на 10. декември од кога семејството е во агонија, организираше протест пред Собранието во Скопје, со цел да го сврти вниманието на јавноста, но и да добие одговори од надлежните околу тоа што превземаат, пренесе Фокус.

На протестот се приклучи и таткото на Арбен Аслан, Бекир, а неговиот син бил исчезнат од 23-ти јануари. Последно бил забележан како влегува во возило, кое исто така не било пронајдено. 

Мајката на Пино пак, порача дека е разочарана од работата на институциите.

-Да беше нивно дете цела Македонија ќе ја превртеа. Немаше да има куќа во која немаше да влезат, немаше да има гаража во која немаше да проверат. Ова е тоа што сакам да му го кажам не само на премиерот, туку на сите министри, порача таа на протестот.