Д-р Јулија Ранѓеловиќ: Прошетка на планина и природа како превенција од загадувањето во Скопје

Интервју со Јулија Ранѓеловиќ, педијатар во Неуромедика: Прошетка на планина и природа како превенција од загадувањето во Скопје

Во денешното интервју разговараме со доктор Јулија Ранѓеловиќ – педијатар во Неуромедика. Во разговарот таа одговара на прашања поврзани со здравјето на децата. Таа вели дека овој период е ризичен за децата и токму поради тоа треба почесто да се практикува прошетка на отворено и во природа.

Скопје Инфо: Докторке полека влегуваме во период кога настинките и гриповите се многу честа особено кај дечињата.  Кој е советот за родителите како најлесно можат да ги заштитат најмладите од овие појави?

Д-р Јулија Ранѓеловиќ: Овој период од годината е карактеристичен по пораст на респираторните инфекции со што очекувано е да се зголеми бројот на лица со респираторни потешкотии заради што би побарале и лекарска помош, заштита за секое дете е редовна добро балансирана исхрана богата со свежо овошје и зеленчук, доволен внес на течности,   прошетки на повисоки места планина,  да се избегнуваат затворени простории со многу луѓе  каде и преносот на инфекциите е поголем.

Скопје Инфо:  Кои се првите симптоми на настински и вируси и како може најлесно тие да се препознаат и детектираат?

Д-р Јулија Ранѓеловиќ:  Започнуваат со  неспецифични симптоми  растечено носе, кашлица, промена во општата состојба, покачена температура, раздразливост потешкотии при хранење, кај поголемите деца пратени и со  малаксаност, намален апетит , главоболки , болки по зглобовите

Скопје Инфо:   Постои ли начин како овие проблеми да се лекуваат дома или вие препорачувате исклучиво консултација со лекар?

Треба да се следи детето симптомите, општата состојба, да се интензивира  внесот на течности, да се следи температурата доколку перзистираат или се интензивираат симптомите неопходна е  контрола и од страна на матичниот лекар

 Скопје Инфо:   Може ли да се направи една споредба: се чини дека децата се многу почувстително и многу полошо реагираат за временските и климатски промени. Дали сме во право со оваа констатација и на што се должи тоа?

Д-р Јулија Ранѓеловиќ:  Точно е дека децата се поосетливи од возрасните детскиот организам е во раст и развој со многу промени и во имуниот одговор,незрелоста на одбрамбениот имун одговор ги прави поосетливи на инфекциите, сепак временските и климатските промени прават постојано изложување на огранизмот на поголеми температурни разлики, период на поголема изложеност на аерозагадување што влијае негативно врз здравјето на секој организам.

Скопје Инфо:   Многу често градинките и училиштата се места каде што се шират вирусите и заразите, првиот чекор на родителите е апстиненција и чување во домашни услови.  Дали овој чекор е правилен начин за превенција?

Точно е дека во поголеми групи на  деца кој се во еден  затворен простор постои полесен начин за пренесување на инфекциите, но препорака  за превенција на  ширење на инфекциите е децата кај кои се развиваат симптоми за акутно заболување да се задржат во домашни услови и да се консултира по потреба лекар да не доага во контакат со други здрави деца.

Скопје Инфо:   Освен вирусите и настинките многу честа појава се и алергиите. Кажете ни нешто повеќе на оваа тема?

Д-р Јулија Ранѓеловиќ:  Алергиите се меѓу водечките здравствени проблеми кај нас и во светот, се повеќе се зголемува бројот од една страна на лица со проблеми врзани со алергија и се помала возраст на децата кај кои се манистираат такви симптоми , тоа е широка тема за разговор тоа се болестите на модерното време кои се во се поголем подем условени од мултипни фактори како од самиот поединец и од околината во која живееме.

Скопје Инфо:   Сериозна опасност за најмладите е загадениот воздух, а полека влегуваме во период кога тоа ќе биде секојдневие. Како родителите да ги заштитат децата од загадениот воздух?

Д-р Јулија Ранѓеловиќ:  За жал тоа е реалната слика и на глобално ниво и во нашата земја , заштита посебно во зимските месеци кога и степенот на загадување е далеку повисок од другите месеци, да престојуваат во домовите пред се во покасните часови,  да ги носат децата на планина или кратки прошетки во  природа, за овој проблем потребна е  стратегија на државно ниво да се намали процентот на загадување во градските средини детектирање на најголемите загадувачи и превземање соодветни мерки како и мерки за заштита на околината.

Скопје Инфо:   Антибиотиците се актуелна тема за која многу се говори последните неколку години: Кој е вашиот став за лекувањето на дечињата со антибиотици?

Д-р Јулија Ранѓеловиќ:  Антибиотиците се лекови кои се користат онаму каде постои индикација за терапија со антибиотик, по строга препорака на лекарот.,  но се почестата нивна примена при состојби и каде не е индициран се причинува се поголема резистенција на лековите, што би значело во иднина нерационалното нивно користење ќе допринесе за   создавање на  високо резистентни соеви на микроорганизми, без соодветен успех во терапијата прологиран престој во болниците и зголемени трошоци за лекување

 Скопје Инфо:   Колку родителите со динамичниот начин на живот имаат можност да посветена соодветно време за грижа на децата? Кој е вашето мислење за ова?

Д-р Јулија Ранѓеловиќ:  Денешниот живот е доста динамичен за секој поеднец, но никој не треба да дозволи обврските да влијаат врз грижата за децата, точно е дека времето некаде е навистина кратко но оној дел од денот кога сме со децата да биде правилно искористен квалитетно со   активна инволвираност на  сите страни, не пасивно оставено пред малите екрани, со телефони , да постои интеракција, игри, прошетки да се стимулира креативноста, заинтересираноста на детето , бидејќи секое дете има потреба од грижа, внимание, насочување и правилно воспитување.

Скопје Инфо:   И на крајот: Кој е вашиот совет до младите родители на малите дечиња?

Д-р Јулија Ранѓеловиќ:  Да бидат посветени на своите деца, да им помогнат да израснат во здрави личности спремни за  предизвиците  во животот.