Цветната полна месечина носи важна лекција: Пробајте да им простите на некои луѓе, а ако не можете засекогаш оставете ги позади себе

Оваа мајска полна месечина настапува во знакот Шкорпија, а се нарекува цветна бидејќи носи просперитет, хармонија и е одличен период за забременување.  Таа се јавува во период кога цветаат дрвјата и цвеќињата и кога се буди природата. 

Таа се нарекува и супермесечина бидејќи е посјајна во однос на полната месечина. Во астролошка смисла, таа носи значајни промени на нашите животи.

Полната месечина во Шкорпија носи таинствена и мистериозна енергија. Таа влијае на полето на комуникацијата, така што некои мисли и ставови нема да можеме да ги задржиме за себе, па тоа може да донесе до негативни промени во некои односи кои и онака се размрдани.

Ќе имате високи стандарди за луѓето во вашиот живот. Ако вашиот партнер или пријателите, не се однесуваат како што вие мислите дека треба, нема да оставите тоа така да пројде лесно. Ќе посакате некои работи да ги држите под контрола, но во некои ситуации тоа ќе биде невозможно.

Супермесечината ја поттикнува интроспекцијата и длабокото размислување. На површина доаѓаат нашите мисли и чувства,па и оние кои сме ги сокриле најдлабоко. 

Оваа полна месечина отвора многу врати на судбината и носи подобрување во љубовниот живот. Ако сте во убава врска, таа носи поубава енергија и блискост, но и зајакнување на страстите. Осамените срца можеби ќе сфатат што точно сакаат во љубовта и ќе го остават минатото позади себе. Пробајте да им простите на некои луѓе, а ако не можете засекогаш оставете ги позади себе. 

Искрените разговори, колку и да се тешки ќе ви донесат повеќе бенефити отколку лагите. Пробајте да се ослободите од силните емоции и негативната енергија. 

Дочекајте еден нов период со доза на оптимизам и бидете отворени кон нови можности.

Ако оваа полна месечина ни донесе лекција таа ќе биде дека искажувањето на чувствата е поважно од многу други работи на светот.