Цветен ресторан во Њујорк е како бајка од соништата

Пролетта е на прагот, цвеќињата цветаат, пеперутките се појавуваат, а сонцето е посилно секој ден. Не постои личност што не ја сака пролетта и што не е насмеана поради убавите денови кои доаѓаат.

Сера Флорита е името на новиот ресторан во Њујорк, каде пролетта е посебна. Инспириран од италијанските села, целиот ресторан е прекриен со убави цвеќиња во различни бои. Освен тоа, и јадењата имаат прекрасен вкус.

Ако некогаш одите во Њујорк, задолжително посетете го и уживајте во оваа цветна бајка.