CURQUE DE SKOPJE нова урбана забава во ноќниот летен клуб XL

CURQUE DE SKOPJE (СИРК ДЕ СКОПЈЕ) е нов проект во ноќниот живот на Скопје кој започнува во петок, на 26 август, во летниот клуб XL.

Ќе се одржува два до четири пати во месецот ексклузивно само во ноќните клубови XL и XO во Скопје, со можност истиот настан да се одржи и во сите останати клубови низ Македонија, како и фестивали во Скопје и низ цела држава.

Aртистите ќе бидат облечени во специфични костими и маски. На овие настани ке настапуваат домашни и странски ДЈ-и чиј репертоар ќе се состои од разни музички жанрови – hip hop, r&b, комерцијален house и deep house.

Тимот на летниот ноќен клуб ве поканува во петок да ги посетите и да бидете сведок на едно поинакво случување во нашиот град.