ЦРВЕНО БЕЛА НОЌ: Улица Македонија ќе се претвори во огромен подиум

Општина Центар го најави второто издание на најголемото, најспектакуларното бесплатно музичко шоу, кое во 2014 за прв пат му се случи на Скопје заедно со DASH BERLIN, ја преплави улица Македонија со насмевки, незаборавна забава, врвна музика и во знакот на црвено и бело ја сплоти Македонија на едно место… Во центарот и срцето на Скопје.

Најголемото збиднување под наслов ЦРВЕНО БЕЛА НОЌ, во организација на Општина Центар, годинава ќе се случи на 3ти јуни (петок) и со себе ја носи една од најголемите ѕвезди на светската денс сцена, за прв пат на Балканот, драги пријатели, музичкиот великан – STEVE AOKI.

3 Јуни и 20.00 часот ќе го означи стартот кога на Скопје ќе му се случи Ибица и заедно со море од фанови Улица Македонија ќе се претвори во еден огромен подиум а Градот во ултрапосакувана дестинација.Настан достапен за сите, под отворено небо, a ветува озвучување и осветлување кои ќе соодветствуваат на светските стандарди за перфектна забава.Огномети и ефекти како и карактеристичното Cake Show на Steve Aoki, ќе биде предизвик за најхрабрите.

Легендарниот STEVE AOKI, со повеќе од 250 настапи годишно, познат и како огромен хуманист и филантроп, во својата музичка кариера создаде многу хитови кои го закитија со бројни номинации и награди како Прво место на Dancе- Еlectronic Album in USA за албумот Neon Future 1, додека Neon Future 2 се најде на листата на Ultratop 100 albums на сите времиња.