Црвена маска од сатен и циркони: „Сама ја избрав сексуалната работа, не таа мене“ (ФОТО)

Млада, убава, згодна....Таа по ништо не се разликува од другите урбани девојки, освен по својата професија. Оваа скопјанка е „продавачка на љубов“.

За разлика од илјадници други девојки, оваа скопјанка сама одлучила да се занимава со "најстарата професија". Не е принудена со сила, сама работи без посредници и макроа. Оваа година таа наполни 31 години, а со овој „занает“ започнала да се занимава пред 5 години.

-Јас сум сексуален работник, и јас не се срамам. Почнав да се занимавам со оваа професија за да заработам пари. Никој на тоа не ме има принудено. На почетокот беше малку страшно, бидејќи не знаев со кога ќе имам работа и како ќе ги најдам клиентите. Не знаев на каков човек ќе налетам, но подоцна сфатив дека се зависи од начинот како ти сам ќе се поставиш. Во овој бизнис, корисниците на услугите не се бираат, ако имаат пари и можат да платат, сите се добредојдени. Има луѓе кои имаат некои деформитети, кои не се во можност да бидат со нормална девојка, исто така и они се наши клиенти - објаснува "ноќната убавица".

Своите клинти ги наоѓа преку огласи или по препорака.

- Цената на моите услуги е од 50 евра па нагоре. Фетишите се поскапи. Досега не сум сретнала садист или мазохист. Но и да се случи јас ќе си ја одработам мојата задача за тоа и сум платена), раскажува скопјанката.

Со своите клиенти се состанува во хотелски соби, мотели или во стан на клиентот.На прашањето дали меѓу своите клиенти има политичари, бизнисмени, познати и богати луѓе, таа не сакаше да открие.Признава дека од овој „занает“ може да се живее убаво, но не открива колку клиенти има во месецот.

Во мое име и во името на моите колеги јавно бараме нашата работа да се легализира со закон, за да ни се овозможи социјална сигурност и здравствена заштита.

-Пред пет години моја колешка беше тепана и силувале. Адвокатот ја советувал дека и да пријави во полиција нема ништо да промени и на крајот таа ќе излезе виновна за клевета, бидејќи како проститутка не може да докаже дека била силувана и тепана. Само лани имало 11 пријави за напад во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и невладината организација „Стар - стар“.

Затоа таа и нејзините колешки денеска ќе протестираат за поголеми права на сексуалните работници, дефилирајќи низ центарот во Скопје по повод Меѓународниот ден за борба против насилството.