“Црни точки” на македонските патишта – бидете внимателни

Одредени делници од патната мрежа во Македонија веќе подолг временски период претставуваат потенцијално опасни места за животот на учесниците во сообраќајот.

Се потсетуваат возачите кои се „црните точки“ каде најчесто се случуваат сообраќајни незгоди и каде најмногу треба да се внимава.

Во категоријата потенцијално опасни „црни точки“, се издвојуваат следниве делници: 

- Клучката кај Хиподром, клучката Илинден, потегот од наплатната станица Петровец до клучката Кадино, мостот кај Катланово, делницата Демир Капија-Удово, потоа делницата Штип-Радовиш (место викано „8-ми километар“ и место викано „Пилафтепе“). 

- Во правец од Скопје кон Охрид, како посебно опасни места се издвојуваат патниот правец Желино-Тетово, потегот од наплатната станица Тетово Југ до наплатната станица Гостивар, кај село Зајас (Гостивар-Кичево), село Мешеишта, (Кичево-Охрид), мостот на реката Сатеска село Ботун (Кичево-Охрид), клучката за влез во Охрид кај село Подмоље на делницата Охрид-Струга. 

- На патот Охрид-Свети Наум најопасни се деловите кај Свети Стефан, односно кај хотел „Гранит“, раскрсницата на влезот кон комплексот „Инекс Горица“, населбата Рача и селото Пештани. 

Како посебно опасни места, се издвојуваат и: 

- Регионалниот пат Кичево–Демир Хисар (местата Чакор,Прибилечки Кривини, Зли Дол). 

- На регионалниот пат Дебар-Струга, најкритично е кај село Велешта и кај село Враништа.

- На регионалниот пат Прилеп-Крушево местото Смилевски Трла.