Црна хроника: Вооружен грабеж во обложувалница, опожарени три возила во Скопје

Вооружена драма во Скопје

Вчера во 22:50 часот во Полициската станица во Скопје, било пријавено дека околу 20:45 часот на улица  „Натанаил Кучевишки“ поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, непознато лице маскирано со фантомка и со закана со пиштол од вработениот одзело 15.892 денари, по што го напуштило местото на настанот.

Увид извршила увидната екипа.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на кривичното дело.

Опожарени три моторни возила во Скопје

Вчера околу 11:30 часот во Скопје на булевар „Борис Трајковски“, наспроти Цементара, целосно било опожарено автомобил марка „Форд Фокус“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.М. додека автомобилот марка  „Алфа Ромео“ со беровски регистерски ознаки сопственост на И.К. и автомобил марка „Пежо 206“ со скопски регистерски ознаки сопственост на С.П. биле опожарени во задниот дел.