Црна хроника: Нападнати малолетници и вработени на бензинска пумпа во Скопје

На 11.02.2016 година околу 23.45 часот  во сeло Марино, скопско, на бензинска пумпа две непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработениот

Притоа сторителите одзеле ташна во која имало дневен промет. Сторителите влегле во бензинската пумпа, и едниот од нив му вперил пиштол на вработениот и му ги побарал парите. По настанот сторителите побегнале во непознат правец.

Воедно, пред 20 часот синоќа на улицата Кеј 13 Ноември, поточно кај мостот Гоце Делчев, четири насилници нападнале две малолетни момчиња, на возраст од 12 и 14 години. Според податоците од полицијата, им биле одземени мобилен телефон и 180 денари. Со тоа на малоелтниците им е направена штета од 14.000 денари. 

Инцидентот се случил така што додека тие се шетале на кејот, насилниците им се доближиле и со нож им се заканиле да ги испразнат своите џебови. Потоа избегале од местото на настанот.

Полицијата работи на случајот.