Црна хроника: Маскирани со пиштоли дивееле во скопска обложувалница

Го сопреле среде улица и му го пребарале цел автомобил

Рано утринава во 03,00 часот во полициската станица во  Скопје, 19- годишниот И.А. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01часот и  20 минути на уллица „Благоја Стефковски“, од страна на три непознати лица му било извршено разбојништво.

На тој начин што додека се движел со возило лицата го стопирале, му побарале пари, а потоа извршиле пребарување на возилото при што во предната лева врата пронашле и одзеле платнена папка во која имало 40.000 денари и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

 

Маскирани и со пиштоли дивееле во скопска обложувалница

Вчера вечерта во Скопје на ул. „Спиро Црне“ поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, две непознати маскирани лица вооружени со пиштоли, извршиле разбојништво над вработениот и притоа одзеле 4.000 денари по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.