Црна хроника: Малолетник нападнат во училиште, таксист место пари за возење доби пиштол во главата

Малолетник од Скопје нападнат во двор на училиште

Вчера во 20 и 30 часот во Скопје, А.Ј пријавил дека околу 19 и 45 часот во населба Шуто Оризари, во дворот на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ , три непознати маскирани лица извршиле разбојништво над неговиот седумнаесетгодишен син.

Сторителите со закана со нож му одзеле мобилен телефон по што побегнале од местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

Разбојништво над такси возач

Во 21 часот и 10 минути синоќа во Скопје се одвивала вистинска драма кога на улицата „Ордан Чопела“, две непознати лица лица извршиле разбојништво над такси возач, така што му впериле пиштол и одзеле околу 5.000 денари.

Полциијата денеска информира дека еден од насилниците испукал и еден куршум надвор од возилото.

Откако го извршиле делото разбојниците го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.   

Уште еден таксист од Скопје вчера доживеа хорор кога во 22 часот и 45 минути непознати лица кои влегле да се возат, и побарале да ги одведе на одредена локација, потоа место да му дадат пари за услугата, му впериле пиштол.

Ч.А. пријавил во полиција дека разбојништвото му било извршено на улицата „Менделеева“ од страна на две непознати лица кои откако влегле во таксито марка „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки и побарале да ги вози до наведената улица, му впериле пиштол и му одзеле 1..500 денари и два мобилни телефони, по што избегале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.   

 

Разбојништво над вработена во колонијална

Вчера во 20 и 30 часот во Скопје на улица „Самоилова“ во колонијална продавница непознат сторител извршил разбојништво над вработената.

Сторителот со закана со пиштол го одзел дневниот промет од 13.730 денари и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.