Кражба во стан во Скопје

Пиштол марка „Аркус“, калибар девет милиметри, со рамка со 15 куршуми и уште две рамки за пиштол, 55 куршуми, два часовника, златно ланче, алка и 3.000 денари се украдени синоќа од стан во Скопје.

Според МВР, кражбата се случила меѓу 19 и 00:10 часот во стан на улицата „Хераклеа“, сопственост на Х.К. (43).

Сторителот, засега се уште непознат, со погоден клуч или калауз ја отворил влезната врата, влегол во станот и пред кражбата извршил пребарување.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.

Разбојништво и напад врз касиерка на маркет во Ѓорче Петров

Вчера во 13.30 часот обезбедувањето на еден маркет, на улицата „Кузман Шапкарев“, во скопската населба Ѓорче Петров, пријавило дека лицето З.Ѓ.  извршило разбојничка кражба во маркетот. Тој ја нападнал и касиерката.

Полициските службеници кои излегле на местото на настанот го привеле лицето во полициската станица, велат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.