Црн ден во Скопје: Момче изгоре во пожар - еден убиен со куршум во глава среде улица

Три страшни настани вчера го потресоа Скопје.

Првиот се случи попладнето позади Рамстор во продавница за мопеди, каде избувна пожар по експлозија на плинска боца, при што едно младо момче кое било заглавено во продавницата загина, двајца се повредени.

Вечерта околу 22 часот во скопската населба Ѓорче Петров беше пронајдено убиено лице на улица. Му било пукано во глава и не давало знаци на живот.

Потоа, се случи и престрелка кај пругата во Кондово, каде како што било пукано од возило Пасат во движење.