CoQ10: Најмоќниот антиоксидант на светот

Постојат различни суплементи кои можеме да ги додадеме во нашата исхрана кои би можеле да бидат многу корисни за нас, но еден од нив е суперфаворит на таквата листа. Станува збор за коензимот Q10 кој е антиоксидант кој ни е потребен.

Што треба да знаете?

Коензимот Q10 е антиоксидант кој нашето тело го произведува природно во секоја клетка. Антиоксидантите се супстанци кои помагаат да се уништат слободните радикали, кои се молекули во телото кои можат да направат огромна штета и да предизвикаат тешки заболувања. Според др. Робин Берзин, кога во нашето тело има многи слободни радикали  и тие стапат во контакт со крвта, тоа доаѓа до кра. Тие исто така придонесуваат и за срцеви заболувања, удари, артритис, оштетувања на црниот дроб, а го забрзуваат и процесот на стареење.

Добрата вест е дека нашето тело произведува антиоксиданти кои се всушност одбрана од ваквите штетни радикали. Други антиоксиданти кои нашето тело ги произведува природно се витамините Е и Ц, флавоноидите, фенолите и глутатионот. Сепак, уште една добра вест е тоа што можеме да ги добиеме овие антиоксиданти и од храна како што се какаото, зелениот чај, зачините, овошјето и зеленчукот, семките и семињата и тн.

Коензимот Q10 е важен бидејќи помага храната која ја конзумираме да се претвори во енергија во нашето тело и мозок. Тој исто така помага и во заштита на имунитетот, срцето, го намалува ризикот од дијабетес и спречува згрутчувања во крвта.

Одредени истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат когнитивни нарушувања имаат всушност ниски нивоа на овој коензим. Тоа значи дека неговото земање како додаток во исхраната може да помогне во ова, но и во намалување на ризикот од Алцхајмерова болест. Одредени истражувања посочуваат дека тој исто така помага и во однос на мигрените, кај луѓето кои патат од овој проблем.