Coca-Cola HBC и Пивара Скопје го потврдија статусот светски лидери во одржлив развој

Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC групацијата и оваа година го освоија првото место во светската индустрија за пијалаци, според остварените резултати во одржливиот развој и заштитата на животната средина.

Во годинешното глобално рангирање кое го спроведува „Дау Џонс индекси за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices - DJSI), групацијата Coca-Cola HBC повторно освои најмногу поени (90), што е дури 38 поени повеќе од просекот на останатите компании од светската индустрија за пијалаци. Ваквиот резултат, четврта година последоватлено, им го донесе на Пивара Скопје и на останатите компании во состав на Coca-Cola HBC статусот - глобални лидери во одржливост, што претставува успех кој досега не го постигнала ниту една друга компанија или групација од светската индустрија за пијалаци.

„Да се биде дел од групација која четврти пат по ред е прогласена за глобален лидер според резултатите и заложбите за одржливост, е огромно признание за сите вработени во Пивара Скопје, како и за сите наши партнери, соработници, купувачи и потрошувачи на нашите производи. Сите тие имаат свој удел во остварувањето на нашиот досегашен успех на полето на одржливиот развој и заштитата на животната средина и затоа сите заедно треба да бидеме горди на него. Истовремено, лидерството во оваа област значи и дополнителен мотив и инспирација за сите нас во наредниот период да работиме уште посилно и подинамично во постигнување на долгорочните цели за одржливост со што дополнително ќе придонесеме за социо-економскот развој на целата заедница“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.

Во текот на минатата година Пивара Скопје постигна високи резултати и во реализација на неколку дополнителни проекти, како што се: имплементирање современи методи во производството кои се во согласност со новововедениот ИСО 50001 стандард, а кои се однесуваат на зголемување на топлинската ефикасност, понатамошно вградување на системи за рециклирање на водата која се користи во процесот на производството, како и редукција на тежината на пластичната (ПЕТ) амбалажа со што се намалува нејзиното влијание врз животната средина.

Дополнително, компаниите во состав на Coca-Cola HBC, меѓу кои и Пивара Скопје, во текот на минатата година инвестираа и вкупно 7,3 милиони евра во различни еколошки проекти, како што е чистењето на речните корита, понатаму во обуки за стекнување вештини кај младите со што се зголемува нивната конуректност на пазарот на труд, како и проекти за едукација на децата во областа на заштитата на здравјето и безбедноста во училишни средини и развојот на повиска свесност за потребата од селекција и рециклирање на отпадот.

Од конкретните резултати што компаниите во состав на Coca-Cola HBC групацијата упеаја да ги постигнат во текот на 2016-та година во доменот на одржливиот развој ги издвојуваме: остварено дополнително намалување за 6% на јаглеродните емииси во атмосферата, што придонесе за вкупно намалување на ваквите емисии за 50% во последните шест години, потоа остварена дополнителна заштеда на вода од 3% годишно или вкупна заштеда од 30% во однос на 2010-та година, како и дополнителна заштеда на енергија од 5% годишно, со што во последните шест години остварено е вкупно намалување од 47% на енергијата што се користи во производство на пијалаци.

Повеќе инфoрoмации за активностите на Пивара Скопје може да најдете на порталот polnacasa.mk