Цитати за мажите: Дипломат е маж кој секогаш го памети роденденот на жената, но никогаш нејзините години!

Воопшто не е лесно да се задржи својот маж, но е полесно да усреќиш туѓ! – Ева Габор

Секој човек кој може безбедно да вози додека бакнува убава девојка, едноставно не му го дава на бакнежот вниманието кое го заслужува – Алберт Ајнштајн

Најголемата грешка на мажот е да се заљуби во една жена. Смее да се заљуби, но само во сите жени. – Џакомо Казанова

Ако мажот зборува лошо за сите жени, најверојатно се изгорел од една и тоа од онаа која највеќе ја сакал. Коко Шанел

Жените се речиси најглупавите суштества на светот. Поглупави од нив се само мажите. – Ѓорѓе Балашевиќ

Би сакале да знаете дали интелигентните мажи се добри сопрузи? Но, драга госпоѓо, интелигентните мажи воопшто не се женат. – Џером Џером

Мажот е кутро суштество во споредба со жената. – Оноре де Балзак

Апсурдно е да се каже дека маж не може да сака само една жена, како што е апсурдно да се каже дека на музичарот му се потребни повеќе виолини за да ја свири истата мелодија. – Оноре де Балзак

Животот на мажот е славата, а на жената – љубовта. Оноре де Балзак

Кога жената повторно се мажи, причината е тоа што го мразела својот прв маж. Кога мажот повторно се жени, причината е тоа што ја обожавал својата прва жена. – Оскар Вајлд

Мажот е веќе полузаљубен во секоја жена која го слуша. – Брендан Францис Бехан

Мажите секогаш сакаат да бидат првата љубов на жената. Жените се многу попрефинети: Тие сакаат да бидат последната љубов на мажот! – Оскар Вајлд

Треба повеќе да се плашите од љубовта на жената отколку од омразата на мажот. – Сократ

Дипломат е маж кој секогаш го памети роденденот на жената, но никогаш нејзините години. – Роберт Фрост

И најглупава жена може да управува со паметен маж, но со будала може да управува само паметна жена. – Радјард Киплинг

Жената ја докажува својата љубов кон мажот со пожртвуваност, а тој со своите глупости. – Кнуд Хјорто