Циклонот Глорија доаѓа во Македонија - метеоролозите најавуваат невреме и пад на температурите

Под влијание на циклонот Глорија веќе од среда па натаму се очекува значителна промена на временската состојба кај нас, односно значителен пад на температурите на воздухот (за околу десет степени, засилен ветер од променлив правец како и нестабилност проследена со врнежи и грмежи). Инаку, условите за  изолирана нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за град ќе започнат веќе од понеделник попладне, но сепак најголемата промена на времето ќе се случи во среда и во четврток кога на многу места ќе има врнежи од дожд проследени со грмежи. Поради судирот на све воздушни маси (топлата од југ и значително посвежата од север) локално има услови за интензивни атмосферски процеси проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења како и со појава на град, информира метеорологот Славчо Попоски.

За време на овој циклон локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2(, исто така значително количество на воден талог локално очекуваме да наврне за кратко време и тоа поради нестабилноста која се очекува, токму поради ова има услови да дојде  и до локални поплавувања.

Според Попоски, од четврток, па натаму максималните температури на воздухот ќе бидат значително пониски и на многу места ќе бидат под 30 степени, односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен во најтоплите региони од државава.