Цигарите „Ронхил“ престануваат да постојат

Цигарите „Ронхил“ што се произведуваат во Хрватска, а ги има на македонскиот пазар, по 37 години постоење заминуваат во историјата

Компанијата „British American Tobacco“ на прес-конференција во четврток објави дека на почетокот на идниот месец ќе го преименува брендот „Ронхил“ во „Данхил“, пренесе T-portal.

„Со влегувањето на Ronhill во семејството Dunhill, обезбедуваме нова иднина за потрошувачите на тој бренд. По осум години постојан пад, Ronhill изгуби половина од својот пазарен удел, од што стана јасно дека потрошувачите бараат промена“, рече Џон Брејди, член на управата на BAT Adriа.

Ronhill на пазарот се појави првпат во 1979 година, а според податоците за продажба, од 2007 година продадени се 5,8 милијарди кутии Ronhill цигари. TDR на својата интернет страница тврди дека пазарниот удел на Ronhill во Хрватска е 42 отсто, што значи дека нив ги пушти секој трет потрошувач.