Сите знаци се тука: ве гребе грлото, почнува да ве боли главата, кивате, чувствувате омалаксаност – всушност се чувствувате како да ќе се разболите. Не се предавајте!

На овие 4 начини спречете го разболувањето:

1. Напијте се цинк

На неколку часа, се додека ги чувствувате симптомите земајте таблета цинк ацетат или цинк глуканат.

2. Јадете пилешка супа

Топлата пилешка супа ќе го закрепне организмот кој е ослабен од симптомите на настинката. Доколку ја збогатите вашата супа со зеленчук, како магдонос, целер, лук, спанаќ, или слични намирници ќе добиете хранлива бомба која ги победува сите причинители на настинка и грип.

3. Напијте се витамин Ц

Веднаш штом ги почувствувате првите симптоми земете витамин Ц и продолжете активно да го земате се додека не поминат симптомите.

4. Наспијте се

Во текот на спиењето имунолошкиот систем отпушта протеини кои се борат против инфекциите. Освен тоа, колку сте поодморени, толку на телото му е полесно да им се спротивстави на вирусите и воспаленијата.