Чувајте ги златните луѓе во вашиот живот

Постојат луѓе на кои среброто никогаш не потемнува.

Постојат луѓе на кои златото добива топол сјај.

Постојат луѓе кои можат да одговорат на сите ваши прашања, колку и да се тешки тие.

Ним можете да ги прашате зошто небото и морето се сини, зошто дрвото расте обидувајќи се да го достигне сонцето, каде патуваат реките. Нив можете да ги прашате каде спие сонцето во текот на ноќта, каде се кријат изгубените градови. Можете да ги прашате зошто се раѓаме, зошто растеме, зошто живееме.

Не верувате?

Познавате ли личност покрај кои се чувствувате паметно, мудро, исполнето и пријатно? Би поминале многу време со нив, и не би ви здодеало.

Тие се овие луѓе.

Тие  го поттикнуваат најдоброто во нас, само нив не можеме да ги откриеме на прв поглед. Тие не носат ниту злато ниту сребро, но се истакнуваат од другите луѓе. Со нив, нашиот живот е поубав, посветол, поисполнет, поплеменит.

Некогаш ќе ги препознаете по насмевката на нивното лице, по ведрината во нивната насмевка, по нивната сигурност и топлина. Во нивна близина не постои омраза, лутење или грди зборови. Тие се оркужени со добрина, а ги има во секој град. Можете да ги видите и околу себе.

Наречете ги залтни луѓе. Секој од нас понекогаш сретнува златна личност, но многу често не сме свесни за тоа. Секој од нас има златна личност во својот живот, но некогаш не ги чуваме и не ги почитуваме така како што заслужуваат.