Чутворна маска од магдонос против подочници

Одите во кревет на време, употребувате квалитетни креми за областа околу очите, здрави сте, но сепак повторно имате темни кругови под очите!

Освен тркалцата од краставици, ладната лажичка и кесичките за чај од камилица кои помагаат но без долгорочни ефекти, пробајте ја маската која засекогаш ќе го реши овој проблем. Тоа е маската од магдоносот која 100 отсто “ги брише” темните кругови околу очите.

Истиснете една рака магдонос, ставете го во чинија, а потоа со дрвена лажица изгмечете додека да пушти сок. Потоа сипете лажица врела вода и промешајте. Наместо вода, може да ставите и лажица јогурт ако сакате погуста маска. Почекајте смесата да се излади, а потоа во неа натопете два туфера, за секое око по еден. Легнете, ставете ги туферите под очите и почекајте барем 10 минути.

Оваа маска е најдобро да ја ставате два пати неделно. Или секој пат кога ќе ви остане од магдоносот што сте планирале да го употребите за подготовка на ручекот или салатата.
Ливчињата од магдоносот се исклучително богати со витамините Ц и К, кои ја осветлуваат кожата и ги намалуваат отоците. Резултатот што ќе го постигнете со оваа маска се гледа за две до три недели.