Чулев: Полицајците на граничните премини дадоа сѐ од себе за да нема застој на камионскиот транспорт

Министерот за внатрешини работи во знак на благодарност поради тоа што економијата и транспортот продолжија да функционираат без поголеми отстапувања и за време на пандемијата, денеска го посети граничниот премин Богородица, каде што се сретна со раководството и разговараше со полициските службеници.

„Изминатиов период овие професионалци неуморно и посветено работеа за камионскиот транспорт да не запре, да не се затворат маркетите и граѓаните да ги имаат сите потребни продукти за нормално функционирање на животот. Со својот труд, ангажман и посветеност тука и на сите други премини униформираната полиција го даде својот придонес пандемијата да нема влијание врз реалниот живот“, нагласува министерот.

Тој упати благодарност за ангажманот и посветеноста за сите вработени во МВР, но и за професионалните возачи за исклучителниот ангажман во надминување на кризата.