Чудо на природата: Причини поради кои куркумата е добра за здравјето

Куркумата се смета за природен „прочистувач“ на организмот.

Куркумата се користи со векови благодарение на користите кои ги има за нашето здравје. Таа е позната како кралица на зачините, бидејќи поседува антибактериски, анти-воспалителни и детоксикациски својства. Воедно, таа е одлична во борбата против рак и Алцхајмер.

1. Го намалува воспалението благодарение на состојката куркумин.

2. Го штити мозокот, бидејќи куркуминот го зголемува нивото на невротрофниот мозочен фактор (BDNF), одговорен за когнитивните нарушувања на мозокот како деменција и Алцхајмер.

3. Го намалува ризикот од рак, го спречува растот на канцерогени клетки и нивното ширење во телото.

4. Помага во варењето, ги решава проблемите на дигестивниот тракт, како што се надуеност и гасови, болести на жолчката...

5. Го штити срцето, спречува згрутчување на крвта и го намалува лошиот холестерол.

6. Ги олеснува симптомите на артритис.

7. Го забавува стареењето.