Човекот во огледалото...

Кога ќе го постигнеш она што си сакал да го постигнеш во борбата за себе
и кога светот на крајот на денот те остава уморен од сѐ,
само доближи се до огледалото и погледни се
и слушни што има тој човек да ти каже.

Затоа што тоа не е твојот татко, мајка или жена,
чии судови мораш да ги поминеш.
Личноста чие мислење треба да биде најважно во твојот живот
е личноста која те гледа од другата страна на огледалото.

Некои луѓе можеби мислат дека си искрен пријател
и да мислат дека си прекрасен.
Но, човекот од другата страна на огледалото мисли дека си само измамник
ако не можеш да го погледнеш директно во очи. 

На тој човек треба да му угодиш, останатите не се важни,
затоа што тој е целосно отворен со тебе. 

И ти си го поминал својот најтежок испит,
ако човекот во огледалото е твој пријател.

Затоа што на животниот пат может да го излажеш целиот свет
и многу луѓе ќе те тапкаат по рамо додека се разминувате,
но конечната сметка ќе биде исплатена со болка во срцето и солзи,
ако го измамиш човекот кој те гледа во огледалото.