Човек треба...

Човек треба да научи да гладува во еден период од животот
за да научи да ја почитува храната.

Човек треба, барем малку, да живее со превез на очите
за да научи да го почитува она што го гледа.

Човек треба понекогаш да живее со тампони во ушите
за да научи да го почитува она што го слуша.

Човек треба барем еднаш да се разболи
за да научи да го почитува здравјето кое го има.

Човек треба неколку недели да не ги отвора прозорците
за да научи да го почитува воздухот кој го дише.

Човек треба да си ги врзува рацете или нозете на неколку дена
за да види како им е на инвалидите кои мораат така да живеат до крај на животот.

Човек треба барем еднаш да го работи она што никогаш не би го работел
за да види како им е на оние кои мораат да го прават тоа секојдневно.

Човек барем еднаш треба да го допре дното барем до крај,
за да види колку се привлечни патеките по кои оди.

Единствено што не треба е да изгуби некој.
Се може да се поправи, врати и направи.
Само не може да се врати некој кој засекогаш си отишол.
Само не може да се врати изгубен живот.

И затоа, човекот треба навистина да живее додека е жив.
Свесен за сите подароци кои ги опкружуваат.
И за се она што го гледа околу себе.
И она што го носи во себе, а за кое и не е свесен.
Да се научи
да се почитува се она што го имаме.

  •  Стефан Симиќ

 

 

new nike air max 2019