Чоколадни бомбици

Овој пат ви нудиме рецепт за чоколадни бомбици без мака и печење кој се прави вака:

СОСТОЈКИ:

200 гр чоколадо

20-25 мл рум

100 гр шеќер во прав

100 гр маргарин

1 лажиче екстракт од ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА.

Чоколадото се растопува заедно со маргаринот во сад на тивок оган, се додаваат румот и екстрактот од ванила и се чека да се соедини смесата.

Се додава постепено и шеќерот во прав, се меша смесата и потоа се остава да се излади околу 30 минути во ладилник. Секако прво оставете ја неколку минути на собна температура пред да ја ставите во ладилник.

Се обликуваат бомбици од смесата и убаво се поминуваат во смеса по избор (кокос, мелени бисквити, мелени ореви, чоколадни или шарени мрвици). Ние избравме мелени ореви за оваа прилика.

Оставете ги повторно во ладилник.