Чевларите се жалат: Два дена сме биле одјавени, само за да не земеме К-15

Регресот за годишен одмор, попознат како К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанството. Услов кој треба да се исполни за  регресот за годишен одмор е  работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Но, овој Закон не важи за сите, велат од чевларската индустрија.

Ниту претходните години не виделе ништо од К-15, а знаат дека тоа ќе се случи и оваа.

-Случајно отидов да си го проверам работнит стаж. Таму се ми стана јасно, зошто јас и моите колеги, кои работиме во чевларска фирма нема да земеме К-15. Услов за К-15 е нели шест месеци да работиш во иста фирма. Нашиот газда, размислил добро, а верувам дека има и уште многу такви како него. Два дена сме работеле одјавени, а потоа пак не пријавил, раскажува вработена во чевларска фирма.

За кого е Законот се прашуваат тие? Тој е чист пред надлежните, а тие без пари.

Чевларската индустрија во Македонија е оставена на милост и немилост на газдите. Владата донесува Закони, но газдите секогаш знаат да најдат “дупка”. Се збогатуваат на грбот на своите работници, кои не земаат ниту минимална плата, велат чевларите.