Четврток неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 8 декември, четврток, по повод празникот посветен на Св. Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните на Република Македонија коишто го чествуваат и го слават патронот Св. Климент Охридски.