Четврток е неработен ден, до крајот на годината уште три државни празници

По повод големиот државен празник 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, четврток е неработен ден за сите граѓани на земјата.

До крајот на 2016 година има уште три државни празници:

11 октомври (вторник), Ден на народното востание

23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден

8 декември (четврток), „Св. Климент Охридски”

За граѓаните од католичка вероисповед:

01 ноември (вторник), Празникот на сите светци

25 декември (недела), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

12 септември (понеделник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик