Македонскиот џез-гитарист Владимир Четкар со својот секстет вечерва ќе настапи во Скопје.  Настанот ќе се случи во Барбакан со почеток од 21 часот.

По свирката во Скопје, тој заминува за Њујорк, каде што, на 18 март, со својот секстет ќе одржи концерт во легендарниот њујоршки музички блуз-клуб "Би Би Кинг" на Тајм сквер.

Џез-гитаристот неодамна ја најави својата музичка турнеја во Азија. Некои од најголемите музички куќи во Јапонија и во Кореја ги отпечатија неговите албуми во 20 илјади примероци. Тој на 13 септември ќе настапи на џез-фестивал во Хонг Конг, а потоа следните неколку месеци ќе гостува на фестивали во Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и во Индонезија.