Четирите концерти на Каролина распродадени, закажани се уште три

Закажаните четири концерти на коишто Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“, за 23, 24, 25 и 26 февруари се распродадени.

Од „Авалон продукција“ информираат дека поради големиот интерес, закажани се нови три концерти, на 01, 02 и 03 март, во Македонската Опера и Балет.

Влезниците се пуштени во продажба по цена од 800 денари, преку продажната мрежа на „Купи Карти За Сè“ низ цела Македонија и онлајн. Со секоја купена влезница следува подарок, луксузно дигипак издание од новиот албум „Извор“, кој ќе може да се подигне по завршувањето на концертите.