Четиригодишно дете удрено од автомобил во Скопје

На улица „Белградска” во Скопје, Ј.И. (38) од Скопје, управувајќи со возило „сузуки витара” со кумановски регистарски ознаки, вчера удрил во четиригодишно дете пешак.

Детето добило телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.