Четири работи во сексот кои мора секој да ги совлада до својата 35 година

Како поминуваат годините, така бројни луѓе имаат се поквалитетни сексуални односи наместо да им опадне интересот за секс. Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така?

Истражувањата покажуваат дека поготово жените во сексот најмногу уживаат од 35 година па натаму. Причината за тоа е, тврдат научниците, подобро познавање на своето тело, желби и потреби.

Токму поради тоа ова се четири правила кои морате да ги совладате до 35-та година од вашиот живот:

Правете го она што го сакате

Сексот е мнгоу интимна и страственаработа во која учествуваат двајца. Уживашетокоа може да го донесе водењето љубов е неверојатно искуство, но единствено ако го правите тоа што вам ви одговара. Ок е да кажете „не“, но не се плашете да пробате нешто ново.

Ескпериментирањето не е табу

Довербата меѓу партнеритекои се во долга врска и тоа како може да влијае на квалитетот на сексуалниот однос. Кога тие двајца доволно се познаваат, мали експерименти во сексот се и повеќе од добредојдени. Пробајте, комбинирајте и уживајте.

Никогаш без заштита

Освен заради несака бременост, заштитете се и од полово преносливи болести кои во последно време ги има се повеќе и повеќе. Тоа најмногу се однесува на оние кои се „тазе“ венчани и нови интимни партнери. Не вреди да се ризикува

Не брзајте

Сексуалиот однос може да биде многу интересен и може да трае во теков на целата ноќ… или ден. Но, не е се до сексот, туку во ситниците пред и после него. Играта на заводување, предигра, жешки паузи, мачкање по односот. Има голем број можности, интересни и многу забавн. Уживајте во односот и истражувајте ги своите желби и потреби.