Четири лица се повредени во текот на вчерашниот ден во Скопје

Четири лица биле полесно повредени во две од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во 10 незгоди била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на крстосница на црвено светло и шест возачи за неправилно престројување.

Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и пет кои возеле пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и три нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и 14 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и пет пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Затекнати биле 90 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 94 возила.