Често велам дека сум добро, а не сум

Кога ќе ме прашаат како сум, секогаш велам дека сум добро. Но, не е така секогаш.

Лесно е да се каже оваа лага, особено кога мислиме дека другите не се грижат за тоа како се чувствуваме. Знаеме дека е само прашање кое го поставуваат онака, па така зошто би се објаснувале?

Вистина е, воопшто не ми е добро. Но, не можам да ги поднесам нивните погледи. Минувам низ тежок период, но не можам да се објаснувам. Сакам да им кажам како се чувствувам, сакам некој да ме слушне, но не верувам дека некој го интересира тоа. 

Сите се некако забрзани, зафатени, заглавени во своите грижи. Зошто би се грижеле за тоа како сум јас. 

Кога ќе им кажам на моите најблиски ми велат дека сè е во мојата глава. Можеби е, можеби претерувам, но не зборувам повторно за тоа. Едноставно се откажувам.

Кога станавме толку сурови кон другите луѓе, не препознавајќи ја нивната болка, она низ што поминуваат? Кога заборавивме да бидеме луѓе кои можат да пружат љубов и поддршка на некој кој минува низ тешки мигови? Ќе престанеме ли да го правиме тоа? Ќе ја научиме ли лецијата?

Се надевам дека ќе станеме подобри еден кон друг, дека ќе бидеме подобри и кон себе. Секој од нас живее свој живот, свои победи и порази и секој од нас преживува на свој начин.

Но, добро е да сме човечни еден кон друг. Да се слушнеме едни со други и да бидеме тука едни за други.