Челзи Лондон: Желбата на Скопје да биде најдобар град засекогаш ќе остане во мене

Челзи Лондон е фотографка - фриленсер. Родена е во Њујорк каде растела долго време. Живеела одреден период во Лондон, а деновиве туристички престојува во Скопје. За време на престојот во Македонија се сретнавме со неа и направивме краток разговор во кој ни ги открива причините поради кои дошла во Скопје и нејзиниот прв впечаток за градот. За Скопје вели никогаш нема да го заборави моментот дека градот постојано се обидува да се престави во најдобро светло. Навистина сите граѓани и посетители треба да бидат горди на еден ваков град, вели таа.

На прашањето зошто токму Скопје и Македонија се нејзиниот избор за туристичка посетиа, вели дека во детството многу често на вести слушала за нашата земја и се надевала дека еден ден ќе има можност да ја посети оваа земја. Денес таа желба станала реалност.

„Бев навистина изненадена од еклектичната архитектура на градот. Пред да дојдам читав многу за Скопје и гледав различни фотографии, но доживувањето тука е поразлично. Навистина ме фасцинираат двокатните автобуси кои ме потсетуваат на Лондон и на перидот кога живеев таму“ - одговара таа на прашањето околу првиот впечаток за градот.

Нешто што навистина воздбудува и остава без зборови е чувството кога поминуваш преку мостот и трансформацијата на градот од модерен во стар град.

„Изминатиот период посетив многу градови, но впечатокот што го оставаат зградите на Македонската опера и балет, Македонската пошта и прекрасните улици на стариот пазар е нешто навистина интересно и прекрасно. Сретнав многу пријателски луѓе низ улиците и продавниците кои срдечно ми даваа совети за тоа што треба да видам и посетам во Скопје. Се радував на Мексичкиот ресторан кој ме потсети на животот во Америка“ - додава таа.

Желбата за истражување, фотографирање и запознавање на нови градови ја води во животот. Сака да шета, запознава нови култури и тоа искуство да го споделува со јавноста и пријателите. Вели дека Скопје дефинитивно веќе се наоѓа на листата на градови за кои со задоволство секојдневно ќе споделува спомени, искуства, импресии и сеќавања.

Престојот во Македонија го раскажа преку сопствениот инстаграм профил каде има десетина убави фотографии од Скопје. Следен на листата за посети е градот Охрид.