Чековски се враќа во репрезентацијата

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ќе биде посилна за Ѓорѓи Чековски во претквалификациите за пласман СП 2019, откако кошаркарот на Работнички се согласил да дојде и да му помогне на националниот тим во овој циклус.

Селекторот Јорданчо Давитков неколку пати разговараше со искусниот кошаркар за негов камбек во репрезентацијата, а дека разговорите вродиле со плод потврди и директорот на националниот тим, Тодор Гечевски уште на првиот собир на националниот тим.

Според договорот помеѓу селекторот и кошаркарот Чековски треба во текот на оваа седмица да се приклучи на националниот тим, по што ќе отпатува со остатокот од селекцијата на подготовките во Маврово.